Со изборот на премиер Албанец ќе се елиминираат одредени бариери, рече вечерва во изборната дебата на ТВ21, претставникот од ДУИ, Арбр Адеми.
„Направивме многу работи за Албанците и за другите заедници и за земјата воопшто. Затоа сметаме дека сега е шансата, сега е можноста да покажеме дека со еден премиер Албанец можат да се елиминираат сите бариери, пречки но и предрасудите ако сакате, дека некои позиции се достижни само за една заедница. Треба да истакнам дека ниту една државна позиција не е ексклузивна за една етничка заедница. До денес ДУИ докажa дека позициите се достижни за сите и со ова темпо ќе продолжиме и во наредниот период“, рече Арбер Адеми во изборната дебата на ТВ21.
Во изборната дебата на ТВ21 вечерва дебатираат дел од носителите на листи од Изборната единица 2.
.