Македонија

Спасовски: Преку уцени и притисоци не може да до решение

Со уцени и притисоци не може да се дојде до решение, вели Оливер Спасовски – носител во втората изборна едница од СДСМ.

„Целта на СДСМ е да имаме успешни избори и да имаме на крајот одлука кој ќе ја формира Владата. Тој кој ќе обезбеди мнозинство во парламентот, ќе формира Влада. Уцени не треба да има од никого“, изјави во изборната дебата на ТВ21, Оливер Спасовски

Тој вели дека многу тешки прашања и одлуки се решени и донесени во минатото, потенцирајќи дека тоа се важни за иднината на државата, потенцирајќи дека е потребен политички дијалог.

Во изборната дебата на ТВ21 вечерва дебатираат дел од носителите на листи од Изборната единица 2.

.

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пиши ни