Македонија

Нови снимки на каналот „Обнова на режимот“, за Јанушев и за списоци од Телеком

Два нови раговори се објавени на каналот „Обнова на режимот“. Разговорите се именувани како „Јанушев ќе ги убијам“ и „Партиски списоци на ДПМНЕ за Телеком“.

Во првиот разговор, наводно се слуша како генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ и носител на листата кандидати за пратеници во Третата изборна единица Игор Јанушев се заканува дека, како што вели, ќе убие две лица, Даниела и Ратко.

Во вториот разговор „Партиски списоци на ДПМНЕ за Телеком“ се дискутира за партиски списоци во кои се впишани вработени од Телеком. Според разговорот, наводно тие се селектирани според склучените договори и треба да му се пратат на Жарко Луковски, поранешен извршен директор на компанијата.

На каналот „Обнова на режимот“ вчера првпат беа објавени снимки со наводни разговори меѓу генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ и носител на листата кандидати за пратеници во Третата изборна единица Игор Јанушев и поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески.

Јанушев од 2015 до 2017 година беше директор на ЈСП „Скопје“, а пред тоа работеше во Министерството за транспорт и врски. 

.

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пиши ни