Македонија

Последна недела од изборната кампања – „Политичките партии ја вадат артилеријата за оценување на опонентите“

Поминаа 10 дена од изборната кампања а политичките партии не престануваат да се експонираат на секој можен начин за да го одржат вниманието на граѓаните. Иако е време на пандемија тие наоѓаат начини за да одржат средби со граѓаните, собири, и да делаат промотивен материјал. Политичкиот аналитичар, Џелал Незири, очекува следните денови црната кампања да биде уште пожестока.

„Во вториот дел на кампањата, посебно последните денови, политичките партии ќе ги користат сите средства кои ги имаат на располагање. Ќе користат тешка артилерија за да ги напаѓаат или оштетат политичките опоненти. Досега имавме позитивна кампања со промоцијата на платформите на политичките партии“, посочи Џалал Незири.

Според аналитичарот, Љупчо Арсовски, политичките партии треба да бидат внимателни  со нивното однесување бидејќи Македонија е дел од меѓународната алијанса и сите очи се вперени на нас. Тој додава дека политичките партии треба да се фокусираат во промоцијата на европските вредности.

„Јас очекувам повеќе партиите да зборуваат за таа работа, а да не објавуваат тоа што кој што кажал од одредени сечени лепени приватни разговори кој знае кој е тој глас, гласовите ги менуваат со потенциометар. Јас на тоа не обрнувам внимание. Секое враќање на старите работи за да се придобијат  гласачите може само да оди лошо врз контото на целата држава“, посочи Љупчо Арсовски.

Политичките партии имаат уште една недела за изборна кампања. Потоа следува тридневното гласање во согласност со мерките за заштита од Ковид-19. На 13 јули ќе гласаат заразените лица со Ковид-19 кои се во изолација, на 14 јули болните и изнемоштените лица, а на 15 јули сите граѓани ќе можат да го реализираат нивното гласачко право.

.

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пиши ни