Од Општина Битола преку соопштение информираат дека веќе час и половина екипите на „Водовод“, „Нискоградба“ и ТППЕ Битола и останатите јавни претпријатија, делуваат на терен во насока на справување со поројните дождови кои попладнево ја зафатија Битола.
„За само 15-тина минути заврнаа над 40 литри дожд на метар квадратен, со што се поплавија одредени улици и домови. Делувано е со градобијни ракети за растерување на тешки облаци со град. На терен се забележани многу електрични празнења, кои дополнително ја отежннуваа работата“, пишуваат од општината.

Градоначалничката на Општина Битола Наташа Петровска веднаш го повикала и одржала состанок со Општинскиот кризен штаб, по што се дале насоки за следни делувања. Веќе е интервенирано во населбите Карпош, Јени Маале, населбите Баир, Дулие и влезот кај Лук Оил и ул. „Иван Милутиновиќ“. На терен, екипите се уште интервенираат.
Дополнително, контактирано е со надлежните екипи на ЕВН подружница Битола, за постапување по нивните надлежности.

Контактирана е и добиена е поддршка од Дирекцијата и за заштита и спасување за делување на терен.
Од Управата за хидрометереолошки работи велат дека оваа состоба е навистина драматична и за споредба.
.