Македонија

Гафови, грешки или несоодветен пи-ар: Што сѐ се изнагледаа гласачите во партиските кампањи?

По неполни две недели откако официјално почна изборна кампања, гласачите се изнагледаа се и сешто, а најмногу се коментираат гафовите и грешките, но и несоодветната пи-ар стратегија. Најново е со билбордот поставен од СДСМ во кој се порачува да се излезе да се гласа, бидејќи во спротивно ќе се врател Никола Груевски. Ако останеш дома на власт ќе се врати Груевски. Гласај, стои во пораката на билбордот на коалицијата „Можеме“ предводена од СДСМ. Како несоодветна изборна порака е и онаа на вицепремиерката за економија Мила Царовска, која се сликала пред кафе бар и коментира – Местото на социјалдемократите е секогаш блиску до синдикатите. Бројни коментари имаше и видеото на носителката на првата изборна единица на ВМРО-ДПМНЕ Гордана Силјановска Давкова која во јога стилот кога беше претседателски кандидат сета таа танцуваше.

Но Силјановска има и свои поинакви моменти и тоа пред граѓаните во Македонски Брод.

„Мислам дека не случајно, иако Македонија нема море….местово се вика Македонски Брод“, рече Силјановска.

Од ДУИ пак, кои на овие избори кампањата ја водат со Насер Зибери како кандидат за премиер Албанец одржаа импровизирана седница на Влада, пред самата зграда на Владата.

„Мои сограѓани, дозволете ми да ја отворам првата седница на Владата на Република Северна Македонија.“, рече Зибери.

Високите тензии меѓу политичките партии прават да се создаде хаос во водењето кампања и тие најчесто се опозициски, односно напад на противникот, вели Петар Арсовски експерт за политички маркетинг. Сепак вели тој за оние кои ги сметаме за нефункционални или за грешки за некоја целна група тие имаат  влијание. 

„Не знам дали можеме да ги наречеме грешки или не, можеме да видиме дали тие функционираат за целната група на партиите кои ги направиле. Сме се нагледале во светските политички кампањи многу спотови кои нас ни изгледаат контроверзни и непродуктивни и нефункционални и ни изгледаат како грешки а сепак за некоја целна група која партијата ги направила функционираат. Така што јас би се воздржал од коментар во смисла на тоа дали се грешки или не. Да ги видиме резултатите на изборите да не испадне она што го кажуваат нашите политичари – изгледа шашаво ама делува“, рече Заев.

Во речникот на партиите доминира и црната кампања, која во последно време се повеќе ја има преку тоа што на страната на јутјуб на профили со некакви кодни имиња осамнуваат бомби.

Кампањата започна на 24 јули, а ќе трае до 12 јули на полноќ со тоа што 13 и 14 јули се денови на предизборен молк. 

.

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пиши ни