Македонија

„Не се размислува за отворање на градинките“, рече Филипче

На новинарско прашање дали ќе се отворат градинките и дали децата наесен ќе тргнат во училиште, министерот Венко Филипче рече дека е рано да се расмислува и дека тие се дополнителен ризик за ширење на коронавирусот.

„Не разговараме за отворање на градинките. Сметаме дека е рано, а тие се ризик за ширење на коронавирусот. Есенските месеци ќе бидат голем ризик за влошување на ситуацијата. Повторната фреквенција на младите и децата во градинките е дополнителен ризик“, рече Филипче.

.

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пиши ни