Македонија

Нема лек за Ковид-19, пациентите оздравуваат – Стевановиќ: Барајте помош кај лекарот, не е срамота да бидеш болен

Високите температури на светско ниво не го намалуваат бројот на заразени со коронавирус. Наесен Ковид-19 може да се врати посилно и побрзо, изјави министерот за здравство, Венко Филипче, иако извештаите од последните недели во Македонија се позитивни.

Лек против Ковид 19 сѐ уште нема. Но, само последнава недела се оздравеле 447 пациенти. Поголемиот дел од нив биле на домашно лекување. Од 7124 заразени од почетокот на пандемијата, 3199 пациенти се излекувани.

Зборувавме со директорката на Инфективната клиника, Милена Стевановиќ за да дознаеме која терапија се употребува за лекување на пациентите. Таа за ТВ21 вели дека лекувањето за спроведува зависно од клиничката слика. Терапијата се дава врз основа на препораките на СЗО но и според искуството на големите светски центри каде се лекуваат заразените.

Стевановиќ тврди дека на Ковид-19 не може да се гледа црно – бело бидејќи е непредвидлив вирус, но лекувањето на пациентите е со постојан надзор во текот на лекувањето. Голем број пациенти кои се лекуваат минуваат со полесни симптоми вели таа. Од почетокот на епидемијата, 346 починале. Стевановиќ апелира никој да не се срами од болеста туку да побара лекарска помош, бидејќи за жал поголемиот број од жртвите се тие кои доцна побарале помош.

Персоналот не е во најдобар број, но Стевановиќ вели дека се подготвени да се соочат со секој предизвик.

.

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пиши ни