Македонија

Отворени галериите, музеите и библиотеките, Националната галерија ќе му мери температура на секој посетител

Националната галерија се подготвува да почне со работа. По 4 месеци ќе ги пречека првите посетители, откако Владата усвои протокол за начинот на работа на културните објекти како што се галериите, музеите и библиотеките за заштита од Ковид-19.

„Ова е првата изложба која се подготвува за првите посетители по отворањето на Чифте Амам, меѓутоа во овој простор од 100м2 не смеат да влезат повеќе од 5 посетители.“, вели репортерот на ТВ21 Алмедина Исмајли.

Протоколот на Владата предвидува просториите да се дезинфицираат 4-5 пати во денот, но во Националната галерија поради изложбите кои можат да се оштетат од состојките на средствата за дезинфекција, такво нешто не може да се спроведе во целост. Од оваа галерија апелираат до граѓаните да не ги допираат експонатите. На секој граѓанин кој го посетува објектот, на влезот ќе му се мери температура. Од друга страна, КИЦ не престана со активности, и овој центар работи според заштитните мерки од Ковид-19.

КИЦ продолжува со организирање проекти за помалку публика. Нормално со дистанца и маски и публиката и авторите кои промовираат книги. Промоцијата на книги се одржува надвор бидејќи времето е убаво, во паркот на КИЦ, а изложбите во моментов се отворени.

„Откако ќе ги дезинфицирате рацете и ќе ставите заштитна маска, можете да ја посетите изложбата во КИЦ. По посетата, сте влегле од таа врата, но ќе излезете од другата врата со цел да немате контакт со посетителите кои влегуваат.“.

Од КИЦ велат дека не се знае кога ќе почнат да се реализираат поголеми културни настани како “Звуците на Чаршијата“, “Златни песни“, “Млади таленти“ и други. Не се знае кога ќе бидат отворени театрите и другите културни објекти кои се опфатени со втората фаза.

.

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пиши ни