Македонија

„Слушај госпоѓо, Нискоградба Битола ми треба“ – герил акција во Битола, веднаш реагираше јавното претпријатие и ги санираше проблемите

Жителите на Битола утрово ги пречекаа жолти табли на кои беше испишано „Слушај госпоѓо…5-ти пат се јавувам, Нискоградба Битола ми треба… Едно е! Ќе ве дам на телевизија. 047 221 016 е бројо“.

Image may contain: outdoor and nature

Таблите ги поставиле од независната советничка група „Поинаку“, а герил акцијата е откако во градот поради обилни врнежи на дожд беа поплавени голем број а подруми, куќи, канцеларии.

Image may contain: shoes and outdoor

Сливниците и уличните решетки низ градот кои биле затворени со земја поради дождовите, биле обележани со жолти табли, на кои пак е испишан и бројот од јавното претпријатие задолжено токму за тоа.

Веднаш реагираа од Јавното претрпијатије, од каде велат дека е излезено на терен и санирани се проблемите.

„На укажување од граѓанското здружение Поинаку за наталожени сливници и улични решетки како резултат од големото количество на дожд кој го имавме изминатиот викенд, екипите на КЈП Нискоградба Битола веднаш излегоа на терен и извршија чистење на истите и ги вратија во функција. Продолжуваме со редовно чистење на сливниците и уличните решетки кои ги прифаќаат атмосферските води. Во секој случај и критиките и укажувањата на некои пропусти се добредојдени и само со нивно прифаќање како добронамерно укажување од било кој ќе имаме успех во секој дел од нашето живеење“, велат од Јавното претпријатие Нискоградба.

Пред неколку денови, „Поинаку“ воведоа и иновација во Битола, поставија табли на кои може да се гласа со отпушок за тоа кои се приоритетни проекти во Битола.

Image may contain: plant and outdoor

.

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пиши ни