Македонија

Тачи: Насер Зибери беше вицепремиер на Бранко Црвенковски, не е откритие на ДУИ

Лидерот на ДПА Мендух Тачи вечерва на дебатната емисија во ТВ21, рече дека недостаток на кандидатурата на Насер Зибери од ДУИ е тоа што го нема никаде, односно неговото име не фигурира. Исто така напомена дека Зибери не е откритие на ДУИ, бидејќи бил веќе вицепремиер кога Бранко Црвенковски беше на премиерската функција.

-Оваа кандидатура има и еден недостаток. Каде е името на Насер Зибери за гласање? Оние кои сакаат да гласаат за Насер Зибери немаат каде да гласаат, неговото име не фигурира никаде. Ова е криење на Али Ахмети за сѐ што направил и не направил за 18 години со цел тој да не биде тема на дискусија, како што Мендух Тачи и другите се тема на дискусија кога станува збор за времето на нивното владеење. Исто така и Али Ахмети  треба да биде подготвен да даде отчет за неговото владеење. На крајот на краиштата, Насер Зибери не е некои ново откритие на ДУИ. Насер Зибери е екс-вицепремиер на Бранко Црвенковски, кој во 1997 година направи крвава терористичка полициска акција врз двете најголеми албански општини со кои раководеше ДПА и другите општини. Од таа акција многу луѓе го загубија животот, многу луѓе беа повредени, а ДПА помина низ невидените малтретирања и физичко насилство од македонските истражители.

Само уште една реченица. Јас денеска барам Насер Зибери да излезе и јавно да се извини за таа акција, бидејќи поранешниот премиер Црвенковски кога се кандидираше за Претседател, побара јавно извинување од Албанците за акцијата што се случи во 1997“, рече Тачи.

.

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пиши ни