Мендух Тачи, лидерот на ДПА за ТВ21 рече дека дури и да загуби на престојните избори и да биде во опозиција, ДУИ ќе остане силна партија.
-Ако ДУИ ги изгуби изборите, ќе остане силна партија, бидејќи 18 години е на власт, па затоа ќе се обидат за прашања кои се во заеднички интерес на Албанците да воспоставиме некаков вид комуникација, а по можност и согласување во одредени моменти кога ќе има потреба од нивни гласови. Во иднина сигурно дека ќе има многу работи за кои ќе бидат потребни 2/3 од гласовите во Парламент, но без сомнение дека прашањето за финализирање на барањата за уставно -законски права на Албанците е големо прашање и без албанската опозиција нема да може да се реализира“, рече Тачи.
.