Македонија

Преку фотографии објаснети протоколите за гласање на денот на изборите

Денеска преку симулација на гласачкиот ден организирана од страна на Државната изборна комисија се одржа пробно гласање со цел максимална безбедност на граѓаните.

Во продолжение протоколите за гласање:

– Според протоколот за гласање најпрвин полицијата на влезната врата од гласачкото место бара гласачите да стават заштитна маска.

– По влегување во објектот, ред за гласање се чека на дистанца.

– При влегување во просторијата, гласачот прво ги дезинфицира рацете, ѝ ја подава личната карта на изборната комисија.

– Накратко, ја симнува маската за идентификација, гласа и на излегување повторно ги дезинфицира рацете.

– Во просторијата за гласање не може истовремено да има повеќе гласачи од вкупниот број паравани за гласање.

.

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пиши ни