По предизборната коалиција помеѓу СДСМ и Беса, го прашавме Касами како Македонците ја прифаќаат оваа коалиција
„Секако дека сме добро пречекани и од Македонците и од другите. Јас за прв пат на овие избори во 2020-та, што не се случило во 2016, имам изборна кампања во Пласница, каде колку да знае јавноста, вториот носител на ДУИ во ИЕ5 е градоначалникот на оваа општина. Значи јас за прв пат како Движење Беса присутен сум во Пласница со активности и со структура и секако дека имавме комуникација и со македонската заедница. Во Тетово организиравме трибина на „Коалицијата Можеме“ каде присуствуваа и Албанци и Македонци, Турци, Роми и други. Истото се случи во општина Теарце…“, вели Касами за ТВ21.
.