Македонија

Касами: На овие избори Беса ќе освои од 80 до 100 илјади гласови

Колку гласови ќе освои Беса на овие предвремени парламентарни избори. Одговара лидерот на партијата, Биљал Касами во интевју за ТВ21.

„Сигурно, со тоа што се обидов да разјаснам во првиот дел, ние сме сигурни дека албанските гласови за Движењето Беса и Коалицијата Можеме ќе се движат од 80 до 100 илјади“, вели Касами за ТВ21.

https://business.facebook.com/tv21hd/videos/861866184303679/?v=861866184303679

На прашање на модераторот на ТВ емисијата дали на Касами му недостига делот кој се одвои од Движењето Беса, тој одговори:

„Јас можам да кажам дека можеби еден дел од нив можеби ми недостигаат…“, рече Касами.

На дополнително прашање, дали тие лица имаа имиња, но Касами не одговори, додаде само дека тие се надвор од политичката сфера.

„Тие се надвор од политичката сфера. Значи знае јавноста дека бевме заедно и пред да се вклучиме во политиката со активности од граѓанска област и заради јавноста имавме коректна комуникација. Но, за жал од моментот на основањето на Движењето Беса и после изборите во 2016-та, јас видов една…“, додаде Касами.

.

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пиши ни