Бојан Јовановски – Боки 13 денеска во обвинителството даваше исказ, по повод кривичните пријави кои ги поднесе, а се однесуваат за 40 функционери и бизнисмени.
Јовановски преку соопштение на осум страници објасни дека пријавите се однесуваат на носители на јавни функции, членови на нивни семејства и бизнисмени. Додаде дека станува збор за околу 40 лица.
Адвокатот на Боки-13, Сашко Дуковски, рече дека очекува Обвинителството да отвори предмети по поднесените кривични пријави.
Боки-13 беше осуден на девет години затвор за случајот „Рекет“.
.