Лидерот на АА, Зијадин Села во емисијата Изборни дебати на ТВ21 рече дека е убеден дека коалицијата Алијанса – Алтернатива ќе има доволен број мандати за формирање на идната влада.
„Во домот на Албанецот кога ќе побараш глас, малку ја наведнуваш главата. Барај го гласот, нема ништо лошо, многу нормално е, замоли го, ама да му речеш дај ми го гласот инаку ќе те истерам од работа, ќе направам вака или онака, е тоа не го прави Албанецот. Тоа го прават само мутациите од Албанец“, рече Села.
Според Села, многу нормално е да се бара гласот од граѓаните, но како што рече, не со закани за бркање од работа.
„Ние ќе го имаме потребниот број гласови на пратеници за да направиме Влада. Зијадин Села не дозволува да биде во влада и да нема 61 во џеб бидејќи инаку стануваш игра и се губиш по ходниците на Влада.“, изјави Села.
Села исто така рече дека нема да дозволи некој да му го уредува неговото појавување како политичар.
„Не сум дозволил некогаш некој да ми го уредува појавувањето како политичар, каков да бидам како политичар, да зборувам гласно и да ги кажам проблемите што ги имаат Албанците, без да се земе предвид цената која е потребна да се плати и тука никој не може мене да ме стави во неговиот калап како политичар.“, вели Села.
Тој рече дека Албанците не треба да гледаат кон македонските партии, бидејќи како што рече, ДУИ не се урива гласајќи за македонски партии. Исто така во текот на емисијата зборуваше и за изборната програма на коалицијата и за тоа што ќе направат во првите 100 дена влада.
.