Села во „Изборни дебати“ на ТВ21 вели дека конечно во секое село ќе има вода за пиење и дека ќе бидат вложени 100 милиони евра токму во руралните средни.
„Сите феномени кои ги спомнав се како последица на недостиг на капацитети за зачувување на храброста и одлучноста за да се бранат даноците на Албанците и на секој друг граѓанин, зошто да не. Затоа што денеска на сцена имаме разни предлози и вистината е дека Албанците се експлоатирани од деведесетите и се уште и ден-денес. Но, има и една друга вистина, дека до сега ниту една политичка партија на Албанците која е на власт не гласала да речеме за овогодинешниот буџет, поради тоа што биле опфатени со 4 % од капиталните инвестиции. Ние ветуваме дека од 400 милиони евра капитални инвестиции, околу 100 милиони…“, рече Зијадин Села за ТВ21.
.