Во „Изборни дебати“ на ТВ21, Зијадин Села вели дека тој не е од тие политичари на кои Заев кажувал дека е негов миленик.
„Никогаш не сум дозволил некој да го регулира моето претставување како политичар. Јас зборувам гласно и ги кажувам проблемите кои ги имаат Албанците без разлика на цената која требаше да се плати. Мене никој не може да ме стави во калап. Тој води своја кампања, но Албанците во Македонија не се воопшто националисти. Воопшто. Ова се парламентарни избори. Секој кој ќе прави коалиција со нас, ќе треба да ги гарантира и тие пола советници во Струга и Гостивар, Тетово и во секој град за да ги смениме имињата на училиштата и улиците“, изјави Зијадин Села – лидер на Алијанса за Албанците.
.