Откако во ТВ Дуел лидерот на СДСМ, Зоран Заев најави можна размена на пратеници со ВМРО-ДПМНЕ, само за состав на Влада, вечерва со коментар и лидерот на ДУИ, Али Ахмети. Тој вели дека таа оција не може да се случи.
„И тоа не може да се случи, да си даваат пратеници…Јас ги слушам тие позајмици, тоа е пазар, но тоа не може да се случи бидејќи хегемонизмот е поразен, и на овие простори…Хегемонизмот е поразен, хегемонизмот ја уништи и Југославија“, рече Али Ахмети во „Изборни дебати“ на ТВ21.
.