Македонија

Завршија изборните дебати на ТВ21 – големото студио претворено во модерна „арена“ за судир на партиските програми

-Студијата на ТВ21, во изминативе две недели беа претворени во голема арена на предизборни дебати за парламентарните избори 2020. Тука се соочија кандидатите и пратениците, ги презентираа нивните изборни програми, ветуваа проекти со кои се стремат да го подобрат животот на граѓаните. Понекогаш потивко, понекогаш погласно, ги изнесуваа нивните аргументи – зошто токму тие треба да ја добијат довербата на граѓаните на 15 јули-рече репортерот на ТВ21.

Освен кандидатите за пратеници во Изборни единици, во ова студио беа интервјуирани и лидерите на албанските политички партии, каде говореа за нивните цели и визии. Дел од дебатите беше првиот човек на ДУИ, Али Ахмети, лидерите на Коалицијата „Сега е време“, Зијадин Села и Африм Гаши, претседателот на Беса во рамките на коалицијата „Можеме“, Биљал Касами, како и челникот на ДПА, Мендух Тачи.

Се надеваме дека преку овие дебати и интервјуа ви откривме повеќе и ви ги разјаснивме идеите и плановите на кандидатите, со што можеби ќе ви биде полесно да одлучите кој број да заокружите на 15 јули.

.

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пиши ни