Незир конечно насмевка на неговото лице. Една година од несреќата на Езерото Матка, Незир Чајани се насмеа, но и почна да зборува. Неговите први зборови се упатена благодарност до сите хумани луѓе, кои помогнаа неговото лекување на биде успешно.
Од Клиниката „Жан Митрев“, каде се лекува Незир, велат дека неговата здравствена состојба полека се подобрува.
За една ноќ во приватната болница, таткото на Незир, Феми мора да плати 200 евра, трошоци кои не може да ги покрие бидејќи е невработен. Тој вели дека здравствената состојба на неговиот син оди кон подобро благодарание на хуманите луѓе кои им пружиле рака во најтешките денови. Сепак, додава дека сега му се потребни пари за последната фаза од лекувањето.
-Лекарите велат дека ќе има подобрување, ќе му функционираат и клетките и нервите на рацете и нозете за момчето да биде како што беше. Тоа не му го посакувам никому, оваа моја ситуација, но тоа беше божја волја-рече Феми Алију.
Незир Чајани пред година и пол со неговите пријатели отишле на Езерото Матка, но за жал кога скокнал се повредил на камењата во водата.
.