Македонија

Од Авганистан, во карантин – прво негативен тест, а потоа слободно движење

Околу 60 државјани на Северна Македонија и на други земји, денес се вратиле од Авганистан, но наместо дома, испратени се во државен карантин во Скопје.

Неофицијално се дознава дека државјаните не биле информирани за ова од надлежните власти во земјаваа, а нивните роднини за ТВ21 велат дека причината зошто се однесени во карантин е тоа што меѓу патниците кои дошле од Авганистан, имало државјани од земјите од регионот, кои биле позитивни на коронавирус.

Полицијата не дозволи нашата телевизиска екипа да разговара директно со лицата кои се сместени во карантин, иако тие сè уште чекаа во дворот на хотелот. Дознаваме дека чекале неколку часови во автобусот пред хотелот, при што не им било дозволено никаков контакт со членовите на нивните семејства. Неофицијално се дознава дека тие ќе останат во карантин некое време и ќе бидат тестирани на Ковид 19. Доколку тестот биде негативен, ќе можат да го напуштат државниот карантин.

Повеќе детали во вестите на ТВ21 вечерва во 22:00 часот на албански јазик, и во 22:15 часот на македонски јазик.

.

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пиши ни