Лидерите на најголемите политички партии, Христијан Мицкоски и Зоран Заев во последните денови од изборната кампања се претставија и како мајстори.
Мицкоски во изборен спот на партијата, доаѓа во дом како мајстор кој ја поправа куќата, на крајот по упатен апел од домаќинот за одмор, тој вели: „Има време кога ќе одмараме, сега е време за обнова“.
Лидерот на СДСМ Заев, при денешните активности, со четка во рака фарбаше дел од оградата и напиша: „Ќе успееме само ако секој од нас ја земе работата во свои раце“.
Партиите за изборна кампања имаат уште еден ден, по што стапува изборен молк и започнува тридневното гласање за предвремените парламентарни избори.
.