Сопствениците на ноќните клубови низ земјава се револтирани поради тоа што и натаму немаат протоколи за почеток со работа поради пандемијата на коронавирусот.
Тие низ социјалните мрежи се собраа, и најавуваат дека од утре од 23 часот ќе почнат со работа, а во знак на револт нема да примаат гости, туку ќе пуштат само музика.
Ноќните клубови бараат од властите да им овозможи протоколи за да почнат со работа. Тие велат дека имаат платено лиценци за работа кои се скапи, но во овие моменти се без значење со оглед дека веќе три месеци се затворени.
.