Македонија

Се укинуваат ограничувањата во кафулињата – на една маса можат да седат повеќе лица

Владата на денешната седница донесе и измени и дополнувања на протоколите за работа на кафулињата и на угостителските објекти за исхрана со кои се укинуваат ограничувањата за седење на две лица на една маса, како и ограничувањето со кое се определуваше дека на една маса можат да седат четворица само ако се од исто семејство.

На оваа седница донесен е и протокол за работа на базените и плажите, а усвоена е и Информација за можноста Македонија да се приклучи кон глобалната набавка на вакцини за КОВИД-19

.

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пиши ни