Македонија

ДИК: Гласачките ливчиња на заразените со Ковид-19 се затворени, и ќе се отворат по завршување на гласањето во среда по 21 часот

Откако во јавноста и на социјалните медиуми вчера се појавија наводните резултати од гласањето на заразените со Ковид-19 и оние во изолација, од ДИК стигна демант и апел до граѓаните да не наседнуваат на тие објави на социјалните мрежи.

„И јас видов некои такви објави на социјалните мрежи. Гласачките ливчиња и од вчера и од денеска се затворени во плико и во кутии, и истите ќе бидат отворени по завршувањето на гласањето во среда по 21 часот“, рече портпаролот на ДИК, Адмир Шабани.

Вчера под посебни протоколи гласаа 723 граѓани заразени со КОВИД-19 или во изолација. Денеска ќе се гласаат затворениците, раселените, болни и изнемоштени. Право на глас на предвремените парламентарни избори имаат 1.814.263 гласачи запишани во Избирачкиот список. Гласањето утре ќе трае до 21 часот.

.

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пиши ни