Македонија

Со ауди излета од патот Неготино – Кавадарци, возачот префрлен во болница во Скопје

Синоќа во 23.30 часот на регионалниот пат Неготино – Кавадарци, во с.Марена, патничко возило „Ауди А3“ со неготински регистарски ознаки, управувано од Р.Ч.(31) од Неготино, излетало од патот.

Притоа, возачот Р.Ч. се здобил со повреди и бил пренесен на лекување во комплексот клиники „Мајка Терза“- Скопје.

Увид на местото на настанот извршила екипа од Полициската станица Неготино.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Ивана Петковска, Коалицијата „Сите за правично судење“ 17.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни