МВР од Тетово соопштува за немил настан во текот на вчерашниот ден во Полициската станица за граничен надзор Рогачево, кога еден полициски службеник го ранил својот колега, чистејќи го пиштолот.
„Вчера ( 29 ноември ) околу 12 часот и 30 минути, во Полициската станица за граничен надзор Рогачево, полициски службеник кој го чистел службениот пиштол испукал еден куршум и на друг полициски службеник му нанел телесна повреда во левата подлактица.
Извршен е увид, известен е јавен обвинител и Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди. Се работи на целосно расчистување на случајот“, се вели во соопштението на МВР.