СДСМ му врати на ВМРО-ДПМНЕ за обвинувањата за партиски вработувања, во кои опозицијата истакна дека оваа година најмалку 50 партиски членови на владеачката партија, биле вработени во ЈП „Македонски шуми“.
„Времето на списоци и црни тефтери како оние на Гордана Јанкуловска, времето на масовна партизација на институциите функциите заврши со заминувањето на ВМРО-ДПМНЕ во опозиција.
Граѓаните дознаа како криминалното и расипничко ВМРО-ДПМНЕ масовно ги партизираше и злоупотребуваше институциите. Јавноста и денес, преку јавно објавените материјали во судските процеси имаат можност да дознае како државната администрација се полнела со членови и приврзаници на ВМРО-ДПМНЕ.
Меѓу другото и СМС комуникацијата помеѓу криминалецот Никола Груевски со тогашната министерка Јанкуловска, кадешто тој ѝ препраќал пораки за „заслужни вработувања“ на членови на ВМРО-ДПМНЕ на кои им било ветено вработување, покажува како државните институции се претворале во испостави на ВМРО-ДПМНЕ.
Времето на таква масовна партизација и заробена држава е завршено.Започнатиот процес на реформа обезбедува професионализација и независност на државните институции. Денес институциите функционираат транспарентно, огласите се законски и јавно достапни, за сите важат еднакви услови и критериуми. Институциите се професионализираат и работата во служба на законите и во интерес на граѓаните“, велат од СДСМ.