Македонија

АВМУ: Осуда за нападот на новинарската екипа на Ал Џазира

Aгенцијата за аудио и аудиовиозуелни медиумски услуги (АВМУ) го осуди нападот на новинарската екипа на Ал Џазира на вчерашниот протест во Скопје.

Ваквите појави, потсетува денеска во соопштение АВМУ, претставуваат загрозување на слободата на изразување и на правото на информирање на јавноста.

-На медиумите треба да им се обезбедат услови за професионално работење и медиумските работници во ниту еден момент не смеат да бидат попречени во вршењето на своите работни задачи, порача АВМУ.

Претходно, нападот на екипата на Ал Џазира го осудија и Здружението на новинари на Македонија и Самостојниот синдикат на новинари и медиуми.

.

Извор: ТВ21

Ноќно студио

Најнова епизода

Дали системот реагира навреме? Ноќно студио со обвинителката Спасенка Андонова

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни