Македонија

Груби: Од утре во Косово и во Србија без ПЦР тест

Артан Груби, првиот вицепремиер на Владата, истакна дека од утре граѓаните на нашата земја ќе може да патуваат во двете соседни земји Косово и Србија без ПЦР тест.

„Како што е познато, веќе долго време граѓаните на Албанија доаѓаат во нашата земја без никаков тест, и нашите граѓани патуваат во Албанија без тест. Од утре се надевам дека тоа ќе биде случај и со Косово и со Србија“, рече Артан Груби.

.

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни