Македонија

30 дневен притвор за Владимир Атанасовски

Доцна синоќа триесетдневен притвор опредењлен му е на поранешниот директор на Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК), Владимир Атанасовски.

Тој во текот на вчерашниот ден беше на распит во Кривичниот суд, а се товари за кривично дело  „здружување заради непријателска дејност“, откако на минатите рочишта за „27. април“ од дел обвинети беше директно посочуван како главен организатор на насилниот упад во Собранието.

Атанасовски бил уапсен синоќа, пред зграда спроти МВР.

Атанасовски беше на чело на УБК до јуни 2017, а сега е советник за безбедност на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пиши ни