Свет

Кај адолесценти од 12 до 18 години – „Модерна“ започнува со тестирање на вакцината

Компанијата „Модерна“ соопшти дека започнува со средна и доцна фаза на тестирање на нејзиниот кандидат за вакцина и кај адолесценти кои се на возраст од 12 до најмногу 18 години.

Планот е резултатите од испитувањето да бидат готови пред почетокот на идната учебна година во 2021.

Во студијата ќе учествуваат 3 000 здрави деца и тинејџери од САД, на кои ќе се процени колку се безбедни и ефикасни двете дози од вакцината што треба да се примаат во временски интервал од 28 дена.

„Модерна“ веќе поднесе барање за одобрување на вакцината до Американската агенција за лекови и до Европската агенција за лекови откако резултатите од испитувањата на нејзината вакцина покажаа дека е безбедна и има ефикасност од 94,1% кај возрасни лица.

Барања до ФДА и до ЕМА за одобрување на својата вакцина поднесоа и компаниите „Фајзер“ и „Бионтек“, кои исто така ја проучуваат ефикасноста и безбедноста на својата вакцина кај деца на возраст од 12 години.

Имате вест, приказна или проблем? Пиши ни