Свет

ТАЖНО! Почина познатиот холивудски глумец, ѕвезда од серијата Беверли Хилс

Холивудската ѕвезда глумеше во серијата „Беверли Хилс 90210“, а пред да започне да глуми, тој беше фармацевт.

Американскиот актер Питер Марк Ричман почина вчера на 94-годишна возраст во Лос Анџелес . Веста ја објави неговиот претставник за печатот, а како што изјави таа, актерот починал во неговиот дом во населбата Вудленд Хилс .

Ричман имал улоги во дури 500 епизоди од разни телевизиски серии, но публиката можела да го гледа и на филм. Холивудскиот актер глумеше во најпопуларните серии „Три друштво“ и „Беверли Хилс 90210“.

Пред да влезе во актерскиот свет, Питер беше фармацевт.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Весна Јаневска, министерка за образование 22.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни