Националниот систем Мој Термин од синоќа од 19 часот ги отвори термините преку кои матичните лекари закажуваат вакцинација на гараѓни кои се опфатени во првата фаза и спаѓаат во групата 1Б, од Националната стратегија за ковид имунизација.
Од утре ќе стартува вакцинацијата во Скопје, односно во Поликлиниките Јане Сандански, Чаир и Букурешт, во Здравствените домови во Прилеп, Охрид, Гостивар, Штип, Куманово, Велес,Битола, Струмица и во болницата во Кавадарци. Од петок ќе започне вакцинацијата во Тетово,Струга,Неготино, Крива Паланка, Вевчани, Валандово, Ростуше, Гостивар, Гевгелија, Делчево, Свети Николе, Ресен, Демир Хисар, Крушево, Македонска Каменица, Кратово, Кичево, Кочани, Радовиш, Виница, Пробиштип, Дебар, Пехчево и Македонски Брод.
Вакцинацијата ќе се одвива, на постоечките вакцинални пунктови во здравствените установи во градовите низ државата. Вакцинацијата е прецизно организиран процес, испораката на вакцини ќе оди сукцесивно. До крајот на оваа и за следната недела, на територија на цела држава пуштени се 9.577 термини, а досега закажани се 5.976 термини за вакцинација на граѓани над 77 годишна возраст.