Грција ги отвара границите за мекдонските граѓани од 14-ти мај, но задолжително ќе биде при влез во земјата да се прикаже потврда за примена доза на вакцина против Ковид-19 или негативен ПЦР тест, соопшти денес министерот за здравство Венко Филипче.
„Во рамки на епидемиолошката состојба, грчкиот министер за туризам ме извести дека планираат двата гранични премини со Македонија да ги отворат на 14-ти мај за македонски граѓани, односно граничниот премин во Дојран и Евзони. Но, ќе биде задолжително да се прикаже потврда за примена доза или негативен ПЦР тест“, истакна Филипче.
Министерот нагласи дека треба да испрати примерок како ќе изгледа сертификатот за имунизација и листата на овластени лаборатории кои може да издаваат ПЦР тестови.