Македонија

Ова пулмолозите досега го немаат видено, Филипче зборува за манифестации на белите дробови и крвта

Министерот за здравство Венко Филипче денеска изјави дека има пациенти со многу тешка клиничка слика кај кои терапијата не дава резултати.

„Колегите прават се. Има пациенти со многу тешка форма, се лекуваат согласно стандардите, но за жал, и покрај преземените мерки, кај некои лекувањето нема ефект. Има пациенти со клиничка слика и страшни манифестации на белите дробови и крвта какви што пулмолозите и колегите инфектолози досега не виделе. Нема ефект од терапијата и, кога состојбата ќе се влоши, и покрај се што се прави, нивните животи не можат да се спасат“.

рече Венко Филипче – министер за здравство.

Во однос на смртните случаи на млади луѓе, министерот одговори дека и во регионот често има влошување на здравствената состојба кај младите во рок од само неколку часа.

„Болниците се преоптоварени како никогаш досега, но обезбедуваме се што треба секој да добие соодветна здравствена нега и има сосема доволен број болнички кревети,  дури и сега“.

изјави Филипче при посетата на СЦ „Борис Трајковски“ каде што задутре ќе почне масовна имунизација.

Имате вест, приказна или проблем? Пиши ни