Македонија

АХВ го повлече замрзаниот зеленчук, едно по едно пакување ќе се проверува откако беше најден глушец

По Фејсбук објавата на Иван Чулаковски од Битола дека во замрзнаат зеленчук пронашол и глушец, Агенцијата за храна и ветеринарство ги повлекува сите пакувања и ќе се проверуваат поединечко дали има страни објект во истите.

Поради сомнеж за физичка контаминација ( присуство на страно тело – глушец) во замрзнат зеленчуков микс “Сани фантази- Царски микс” по потекло од Република Србија, увезен од КАМ ДООЕЛ, Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) издаде забрана за промет на овој производ и нареди негово повлекување од рафтовите на КАМ маркетите на цела територија на државава. Издадена е наредба на операторот со храна да изврши сопствена проверки на секоја серија/лот од овој производ, во сите маркети каде е пласиран овој производ, на територијата на  цела држава.

Директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство Николе Бабовски потенцира дека АХВ ќе изврши вонредни инспекциски надзори и ќе провери дали пласираните количини од овој производ се повлечени од малопродажната мрежа. Извршени ќе бидат и органолептички прегледи на одредени примероци, од секоја серија/лот на овој производ. Примероци за контрола на микробиолошките критериуми за безбедност на производот ќе бидат испратени за лабораториско испитување.

Имате вест, приказна или проблем? Пиши ни