Македонија

ВНИМАНИЕ: Лажен повик за донации за бебе кое наводно се бори за живот во „Систина“

Клиничката болница „Аџибадем Систина” ве известува дека во болницата не е хоспитализирано бебе кое наводно се бори за живот, а чија е мајка е извесна Мимоза од Тетово.

За случајот на социјалните мрежи се шири повик за донации.

Станува збор за лажна објава. Повикуваме граѓаните да бидат внимателни и да не наседнуваат на вакви и слични повици.

Објавата во која се повикува за помош ја споделува извесна Радица Динев.

Имате вест, приказна или проблем? Пиши ни