Новороденче старо само два дена е најмладиот пациент заразен со коронавирус во Македонија, објави ТВ21.
Директорката на Клиниката за детски болести во Скопје, д-р Аспазија Софијанова вели дека ни најмалите не се поштедени од овој вирус, но сепак поминуваат најдобро.
„Најмалото ни е новороденче старо неколку дена и тие не се поштедени, меѓутоа поминуваат најдобро“, истакна Аспазија Софијанова.
Докторката посочи дека она што е поопасно од самиот вирус е пост-ковид фазата кај децата, односно дека не се знае кој орган може да биде погоден од вирусот и дали истиот ќе остави краткорочни или долгорочни последици.
На Клиниката за детски болести во Скопје во моментов се лекуваат околу 40-тина деца со нивните мајки.