Македонија

Тмурни облаци утрово во Македонија – УХМР најавува невреме

Времето во земјава денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. На планините во северозападните делови повремено ќе провејува снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец.

Утринската температура ќе се движи од -4 до 3, а максималната ќе достигне од 10 до 17 степени.

Во Скопје умерено облачно со слаб до умерен северен ветер. Утринската температура ќе се спушти до 2, а дневната ќе достигне до 14 степени.

Од петок попладне следува период на променливо облачно време со повремени врнежи од дожд, на планините од снег, со променлив интензитет. Во понеделник се очекуваат обилни врнежи на повеќе места.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни