Македонија

Рашковски од домашен заврши во затворски притвор, со него и директорот на „Инвока груп“

Драги Рашковски и директорот на компанијата „Инвока груп“, Даниел Станчески попладнево со полициска придружба беа спроведени од своите домови во Шутка, откако Кривичен суд ја прифати жалбата на обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција по нивниот куќен притвор.

Рашковски заедно со „Инвока груп“ се осомничени дека преку реализирање на јавна набавка изработиле софтвер за кој никој немал потреба ниту пак моментално се користи.

Според неофицијални информации, Рашковски иако во куќен притвор со забрана за користење на телефон и компјутер, сепак тој контактирал со лица опфатени во истрагата и ги насочувал што и како да зборуваат пред обвинителите.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни