Согласно новите мерки кои стапуваат во сила од среда, односно утре треба Владата да ги потврди, се намалува полицискиот час во земјата, и истиот почнува од 24 до 05 часот.
Исто така се отвораат фитнес центрите и вежбалните. Рестораните ќе може да работат до 23:30 часот.
Ќе биде дозволено органзирање на настани на отворено и затворено со почитување на протоколите од 2020 година, односно присуство на 30 % од целосниот капацитет. Капацитетот на градинките се зголемува на + 5 дечиња, односно од 15 на 20 деца во група.