Македонија

Земјотрес во Македонија, се тресеше до Тирана – „Беше кратко“

Земјотрес со јачина од 3,2 степени по рихтер попладнево беше регистриран во Македонија.

Епицентарот е во близина на Мавроското езеро, а јачината е 3,2 на длабочина од 2 километри.

Изминатиов период има серија на земјотреси во мавровскиот регион.

Според коментарите на ЕМСЦ, земјотресот бил почувствуван и во Албанија.

„Беше кратко и тресеше, јас сум од Тирана“, е еден од коментарите.

Вчера земјотрес со јачина од 4 степени по рихтер беше регистиран и во Албанија.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни