Зоран Заев се плаши од соочување со граѓаните бидејќи му е јасен судот на народот. Затоа на своја рака без консултација со останатите партии бара поместување на датумот на локалните избори од средината на октомври, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
ВМРО-ДПМНЕ: Заев бара поместување на датумот за локални избори на своја рака
Од партијата посочуваат дека ова е спротивно на досегашната пракса, но и кршење на Уставот на Република Македонија каде јасно се утврдува дека мандатот на градоначалниците истекува пред датумот кој Заев го нуди како можен датум за локалните избори.