Кујна

РЕЦЕПТ: Совршен ручек со компири и кашкавал готов за 5 минути

Доколку ви е потребен брз, а вкусен оброк, ова јадење од компири ќе биде вистинскиот избор за вас. Се прави за 5 минути, а потребни ви се само неколку состојки.

Потребни состојки:

  • 500 гр. Компири
  • 150 гр. брашно
  • 1 јајце
  • сол
  • бибер
  • маслиново масло
  • 100 гр. Шунка
  • 100 гр. Кашкавал

Подготовка:

Сварете ги компирите, па убаво изгмечете ги. Додадете јајце, сол, бибер, а потоа брашно и измешајте се добро, за да добиете компактно тесто, и доколку е потребно, можете да додадете повеќе брашно ако процените дека тестото не е доволно цврсто.

Во загреана тава ставете малку маслиново масло, потоа развлечете половина од подготвеното тесто и ставете го на дното на тавата.

Наредете ги шунката и сирењето преку неа. Потоа повторно ставете малку масло во загреаната тава и повторно развлечете половина од тестото врз кашкавалот и шунката.

Повторно наредете ги шунката и сирењето над тестото, а потоа додадете го другиот дел од тестото. Пржете од двете страни додека тестото не добие златно кафеава боја.

Ноќно студио

Најнова епизода

Што се случува со „Алта банка“? Ноќно студио со Кирил Миноски

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни