Од денеска продолжува печатењето на личните карти со новото уставно име и почитување на Законот за јазици. Од МВР велат дека издавањето почнува од понеделник.
Сепак, нема објаснување по кој основ со подзаконски акт е заобиколено Собранието кадешто е заглавен новиот предлог поради големиот број амандмани од Левица.
Изминатиот период околу 40.000 граѓани се без личниот документ. Граѓаните кои немаат важечки лични карти, ќе може да користат услуги на банки и штедилници со пасоши.
Доволни ќе бидат и потврдите од МВР за поднесено барање за издавање на лична карта.