Македонија

Прележаните да се вакцинираат побрзо

Природниот имунитет по прележување на болеста со тек на време се намалува, а вакциналниот е траен. Препораката за вакцинација 45 дена по прележувањето на коронавирус која ја разбранува стручната јавност останува на сила, бидејќи е донесена врз основа на научни студии, вели министерот Филипче.

Прележувањето ковид-19 не претставува пречка за вакцинација и лицата кои ја имаат прележано болеста треба да се вакцинираат. Одредување на нивото на антитела не се препорачува и нема влијание врз вакцинацијата, вели Националниот комитет за имунизација, додавајќи оти временскиот период од оздравувањето од болеста до вакцинација е најмалку месец дена.

За препораките за имунизација Комитетот се води од потврдени и прифатени податоци и докази од здравствените организации одговорни за следење на инфективните болести, како Европскиот и Американскиот Центар за инфективни заболувања (ЦДЦ и ЕЦДЦ), од регулаторните медициски агенции ЕМА и ФДА и од Светската здравствена организација (СЗО).

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни