Неколку експлозии одекнаа во четвртокот пред аеродромот во Кабул. Најверојатно бомбаш -самоубиец. Загинатите и ранетите се бројат во десетици лица.
Пентагон потврди дека експлозија се случила пред аеродромот во Кабул. Информацијата ја објави портпаролот Џон Кирби. Западните земји ги повикуваат своите граѓани веднаш да се оддалечат од аеродромот. Разузнавачките служби предупредија дека аеродромот е најверојатно цел на терористички напад . Како можен напаѓач се наведува огранок на Исламската држава во Авганистан.
ИСИС ја презеде одговорноста за денешните напади на аеродромот во Кабул, пренесува Ројтерс . Тие наведуваат дека напаѓачот бил пет метри подалеку од американските сили кога ја активирал бомбата.
ISIS have just claimed responsibility for the suicide bombing in Kabul earlier today. They claim the attacker was under 5m away from US forces when he detonated his vest. pic.twitter.com/p4ko2lFDEP
— Kyle Glen (@KyleJGlen) August 26, 2021